Продолжен рокот за субвенции до 30 септември

Bez autora
Jul 30 2012

Владата донесе одлука да им излезе во пресрет на земјоделците и да го продолжи рокот за поднесување апликации за субвенции до 30 септември годинава. Причина за тоа биле многуте информации што поголем број земјоделци ги доставиле во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а некои и директно до премиерот, дека навреме не поднеле апликации поради тоа што биле премногу преокупирани со работа на нивните, а поголем дел поради што немале информација дека е завршена антикризната мерка на Владата од пред две години со која им се овозможуваше на оние кои немаат платено концесија да им се одбие од субвенциите. Таа антикризна мерка е завршена, но до многумина не стигнала веста за тоа. Има една позначајна бројка на такви земјоделци, така што Владата веќе донесе одлука да им излезе во пресрет и рокот за апликации да го продолжи од 31 јули до 30 септември. Земјоделците можат да бидат спокојни. Имаат сега време до 30 септември оние кои задоцниле или имале стара информација, односно ја немале новата информација дека веќе нема пребивање на концесија со субвенции да аплицираат и да ги добијат своите пари што ги заслужиле со работа, труд, многу пот и голем ангажман во земјоделството.

Продолжен рокот за субвенции до 30 септемвриВладата донесе одлука да им излезе во пресрет на земјоделците и да го продолжи рокот за поднесување апликации за субвенции до 30 септември годинава, изјави вчера премиерот Никола Груевски.

Според него, причина за тоа биле многуте информации што поголем број земјоделци ги доставиле во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, а некои и директно до премиерот, дека навреме не поднеле апликации поради тоа што биле премногу преокупирани со работа на нивните, а поголем дел поради што немале информација дека е завршена антикризната мерка на Владата од пред две години со која им се овозможуваше на оние кои немаат платено концесија да им се одбие од субвенциите.

„Таа антикризна мерка е завршена, но до многумина не стигнала веста за тоа. Има една позначајна бројка на такви земјоделци, така што Владата веќе донесе одлука да им излезе во пресрет и рокот за апликации да го продолжи од 31 јули до 30 септември. Земјоделците можат да бидат спокојни. Имаат сега време до 30 септември оние кои задоцниле или имале стара информација, односно ја немале новата информација дека веќе нема пребивање на концесија со субвенции да аплицираат и да ги добијат своите пари што ги заслужиле со работа, труд, многу пот и голем ангажман во земјоделството“, истакна Груевски. Тој нагласи дека се работи за дополнителни 300 до 400 милиони денари за субвенции.

Груевски укажа дека годинава бидејќи дел од земјоделците не биле информирани им излегуваме во пресрет, но од следната година ќе нема можност за пребивање на неплатени концесии за земјиште со субвенции. Оние што нема да имаат платени концесии нема да добијат право за субвенции.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik